Унгарија гради нов еколошки град на Дунав
Унгарија сака на северозападот од земјата да изгради потполно нов еколошки град.
Како што наведуваат, градот ќе го движи обновлива енергија во деловните и станбените објекти, во кои ќе живеат илјадници луѓе.
Идната населба треба да биде изградена на оголен појас по течението на реката Дунав. Проектот Hegyeshalom-Bezenye е вреден милијарда евра.
Според проектот, ќе биде со големина на 500 фудбалски терени, со бројни дополнителни содржини, како училишта и трговски центри, изјавија изведувачите EON SE и германската компанија за недвижности FAKT AG, пренесе Блумберг.
Градот со неутрални емисии на јаглерод-диоксид главно ќе се потпира на соларна енергија и енергија од биогас. Поради тоа ќе се отворат дури 5.000 постојани работни места во стакленици, рече Николаи Улрих, член на управата на FAKT.
Кога ќе се заврши, Hegyeshalom-Bezenye ќе има околу 1.000 куќи, ресторан, хотел, железничка станица, трговски објекти, како и училишта и единици за обука. Проектот е втемелен на одржлива политика за управување со водите, која има за цел избегнување на намалување на нивото на подземни води, вели Улрих.
Објектите ќе се ладат по пат на геотермални постројки.