„Уна“ на Пројковски најдобра претстава и на фестивалот во Младеновац

„Уна“ е најдобрата претстава на Фестивалот на Театар у једном дејству во Младеновац според стручното жири и публиката


Претставата „Уна“ од Стеван Копривица, работена според истоимениот роман од Момо Капор, а во продукција на театарот Звездара, е прогласена за најдобра претстава на годинешниот Фестивал на Театар у једном дејству во Младеновац, според стручното жири и публиката.

Жирито, составено од Снежана Стаменковиќ, Љуба Бандовиќ и Егон Савин, со мнозинство гласови заклучи дека „Уна“ во изведба на театарот Звездара, а во режија на Дејан Проjковски, е најдобрата претстава на Фестивалот на театарски претстави во Младеновац.

„Уна“ со Никола Ристановски го воодушеви Белград: Министерот Љутков на премиерата во театарот „Звездара“

„Инспирирани и прецизни актери предводени од Никола Ристановски во атрактивниот сценски простор на Валентин Светозарев изведоа емотивна и актуелна претстава“, наведува жирито во своето образложение.

Никола Ристановски со уште една награда во Белград – за улогата во „Уна“ во режија на Пројковски

Претставата премиерно беше изведена на 12 октомври на сцената на Данило Бата Стојковиќ, а улогите им припаднаа на Никола Ристановски, Магдалена Мијатовиќ, Сена Ѓоровиќ и Марко Гверо.

Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф е Ивана Ристиќ, а автор на музиката е Горан Трајкоски.

Покрај наградата од стручното жири, претставата Уна ја доби и наградата од публиката.