Уметници ќе творат инспирирани од Тиквешијата


 

Ликовна колонија од меѓународен карактер со учество на 13 уметници почна вчера во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Неготино. Настанот е во организација на неготинскиот музеј. Директорката Драгица Чекорова вели дека првпат овде ќе се реализира проект од областа на визуелни уметности.

– „Ликовна колонија-Неготино 2019“ ќе трае до петок, во нејзини рамки уметниците ќе творат инспирирани од Тиквешијата, убавото тиквешко вино, прекрасната природа и мирот во манастирот, кој е идеален за развој на верскиот туризам – нагласува Чекорова.

Ова е проект одобрен од Министерството за култура на Република Северна Македонија, според програмата за проекти од национален интерес за 2019 година, за развој на модерната ликовна уметност во општина Неготино.