Украинските војници од Змискиот остров се живи

Украинските војници од Змискиот остров во Црното Море се живи, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на официјални владини тела.
Вчера беше објавено дека војниците можеби се живи. Украинските медиуми јавуваат дека војниците во моментов се руски затвореници.
Змискиот остров се наоѓа во водите на Црното Море близу до украинско-романската граница и често беше предмет на недоразбирања меѓу Киев и Букурешт поради можните наоѓалишта на нафта.