Украински свештеник му се „заблагодари“ на рускиот партијарх што поддржува убивања
Украински православен свештеник од Московската патријаршија му се „заблагодари“ јавно на рускиот патријархот Кирил за поддршката што ја дава на војната.
„Ви благодариме за крвопролевањето и свежите гробови на убиените деца. Ви благодариме што ги убивате нашите монаси, ги гранатиравте нашите манастири. Додека се молиме да го запреме ова, вие ја благословувате војната“, му порача тој на рускиот патријарх кој отворено ја поддржа војната на официјална Москва и на претседателот Владимир Путин.
Како пак тоа изгледа од руска перспектива се виде од пораката на Дмитри Медведев напишана на социјалните мрежи за санкциите против децата на руските функционери, кои ги оценува како „ ужас, ноќна мора и недалеку од Кју Клукс Клан“. Кога се убиваат деца во Украина, Медведев молчи и не пишува постови.