Украинката е прогласена за Мис на Јапонија: Поголема Јапонка е од нас


Во Токио се одржа натпреварот за Мис на Јапонија, а победи Украинката Каролина Шино.

Каролина со солзи ја прифати својата круна во Шинџуку, и официјално стана првата личност родена надвор од Јапонија што ја освои титулата Мис на Јапонија.

26-годишната девојка, која се преселила во Јапонија кога имала пет години, додека ја прифаќала наградата изјавила дека се соочувала со „расни бариери“.

„Беше предизвик да се биде прифатена како Јапонка“, рече Шино, која не престана да плаче кога водителот ја прозва.

„Морав да се соочам со пречки кои често ме ограничуваат да бидам прифатена како Јапонка, па затоа сум исполнета со благодарност што на овој натпревар сум препознаена како Јапонка“, додаде таа. Но, некои пишуваат дека таа навистина не може да биде Мис на Јапонија бидејќи нема јапонско потекло.

„Таа е 100% чиста Украинка. Разбирам дека е убава, но ова е изборот за Мис на Јапонија“, „На Јапонците им праќа погрешна порака кога личност со европски изглед е прогласена за најубава Јапонка“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.


Организаторот на натпреварот Аи Вада изјави за Би-би-си дека судиите имаат „целосна доверба“ во изборот на Шино за победник.

„Таа зборува и пишува на прекрасен и љубезен јапонски јазик“, рече Вада. „Таа е поголема Јапонка од нас“.

Шино претходно се залагаше за себе откако доби јапонско државјанство минатата година, велејќи дека „можеби не изгледа како Јапонка, но стана Јапонка растејќи во земјата“.

Таа, исто така, стана најстарата личност која некогаш победила на натпреварот.