Украинците тврдат дека Путин подготвува катастрофа со Чернобил
Украинските медиуми, повикувајќи се на разузнувачки извори, објавуваат дека рускиот претседател Владимир Путин наредил вооружена провокација во нуклеарната централа во Чорнобил. Според нив, Русија планира да ја искористи нуклеарната централа под нејзина контрола за да направи технолошка катастрофа и да ја обвини Украина.
Во моментов, Чернобил е целосно исклучен од системите за мониторинг на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Во последните денови, руските трупите ги нападнаа нуклеарната централа Запорожје и Харковскиот институт за физика и технологија каде што има експериментален нуклеарен реактор.
„Окупаторите се обидуваат да создадат лажни ’докази‘ за да ја обвинат Украина за сè. На подрачјето на аеродромот Антонов во Хостомел, забележани се руски ладилници за автомобили, кои ги собираат телата на загинатите украински бранители“, се вели во соопштението.
Исто така медиумите тврдат дека е извршен руски напад на територијата на Белорусија со истиот мотив, да послужи како изговор за влез на трупи од Белорусија на територијата на Украина. Сите вести од Украина одат во правец на тоа дека состојбата ескалира и дека Путин се подготвува за завршен удар.
Обединетите нации денес објавија дека дури има 1.546 цивилни жртви од инвазијата, од кои 564 убиени ( вклучително и 41 дете) и 982 повредени, вклучително и 52 деца.Вистинската бројка е многу поголема, односно украинските власти тврдат дека бројката само на убиените деца е 78.

Украинското Министерство за одбрана штотуку објави промотивно видео во кое на секој руски пилот му нуди награда доколку пребегне во Украина со својот авион. Наградата изнесува еден милион американски долари по авион и 500.000 американски долари по хеликоптер.
Истовремено, Украина бара начин како да ги искористи запленетите резерви на Русија како воена репарација.Заменик-министерот за економија Денис Кудин изјави дека Украина бара начини да прими 415 милијарди долари од руските девизни резерви запленети од западните земји.