Украина објави снимка од руска соба за мачење кај Херсон


 

Украинскиот комесар за човекови права Дмитро Лубинец во четвртокот објави снимка, на која според неговите зборови, се прикажува комора за мачење која ја користеле руските сили во неодамна ослободениот регион Херсон.

Во видеото објавено на социјалните мрежи Лубинец зборува од повеќе подземни простории со валкани ѕидови и подови, межу кои и мала просторија во која, според негови тврдења, истовремено се држени по 25 луѓе.

Видеото е објавено откако украинскиот министер за надворешни работи Денис Монастирски во четвртокот објави дека во Херсон истражителите откриле 63 тела со трагови од мачење.

 

Лубинец вели дека просториите се користени за испитување и мачење, при што за извлекување признанија користени се електрошокови.

„Ројтерс“ не успеал да ги провери наводите на Лубинец додкеа Русија, чии или минатата недела се повлекоа од Херсон, негира дека нејзините трупи на мета имале цивили или дека направиле злосторство.

Човек вели дека во собата го држеле 24 часа

Неименуван средовечен маж на снимката вели дека во една од собаите е држен 24 часа. Сведочи дека бил врзан за столица и постојано подвргнуван на мачење со електрошокови, при што Русите спроведувале испитување.

Министерот Монастирски во четвртокот рече дека истрагата за руските злосторства во Херсон почнала.

„Сега 63 тела се откриени во регионот Херсон, но мора да сфатиме дека потрагата само што започна, а ќе бидат откриени уште многу зандани и гробни места“, го цитира украинската новинска агенција Интерфакс, министерот Монастирски.

Вели дека телата за спроведување на законот откриела 436 случаи на воени злосторства во текот на окупацијата на Херсон, која започна кусо по инвазијата на Русија во Украина во февруари. Досега откриени се единаесет зандани, меѓу кои и четири во кои луѓето биле мачени.

Полициската станица позната како „Дупка“ била најозлогласена од неколкуте места када, според повеќе мештани со кои „Ројтерс“ разговарал во Херсон, луѓето биле измачувани и испитувани во текот на деветмесечната руска окупација.