Украина „не е блиску“ до стандардите потребни за кандидатски статус, тврди дипломат на EУ
Украина „не е блиску“ до стандардите потребни за кандидатски статус за членство во Европската унија, изјави висок дипломат на ЕУ, јави ДПА.
Дипломатот рече дека ЕУ сака да „покаже сочувство“ за украинскиот народ, но ги отфрли сите сугестии дека лидерите на ЕУ би можеле да се согласат да и дадат кандидатски статус на земјата на самитот во Версај.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика ЕУ да ја забрза кандидатурата на Киев за членство во период на руската инвазија на неговата земја.
„Докажете дека сте со нас“, рече Зеленски на специјалната седница на Европскиот парламент минатата недела.
На 28 февруари, четвртиот ден од руската инвазија, Зеленски го потпиша барањето за членство на Украина во Европската унија. Украина се обрати до Европската унија со молба да се започне скратена процедура за пристапување.
„За нас ова е историски настан кој симболизира враќање во нашиот заеднички европски дом.
Но, овој настан е извонреден и за Европа. Не секој ден има шанса да влезе во Европската Унија, земја која реално покажува како се бориме за демократија, слобода, избор и другите европски вредности. Секој ден, секоја минута умираат луѓе во Украина. И тие умираат за да го запрат нападот на диктатурата, авторитарниот режим и апсолутното зло што денес e Путинова Русија.

Украинците постојано докажуваа дека ние сме вистински, составен дел од европскиот дом. Во собраниската сала, на Мајданите, во првите редови на борбата, како и сега, за време на реформите – секогаш сме гледале кон Европа и ги усогласувавме нашите часовници со европските.
Плативме превисока цена за тоа. И ние продолжуваме да ја плаќаме секој ден. Милиони бегалци. Стотици илјади граѓани без живеалиште. Илјадници починати. Милијарди долари загуби во цивилната инфраструктура. Што друго недостасува за некој да разбере дека плаќаме таква цена, по што не може да се каже дека Украина треба да има некои дополнителни услови, дополнителни шанси и уште треба да се размисли дали да се прифати нашата земја. Ние дефинитивно сме дел од Европската Унија, тоа де факто го докажавме. И ве замолуваме, почитувани колеги, де јуре да го забрзате ова.Украина направи се што е возможно и невозможно за што поскоро да влезе во ЕУ. Сега топката е кај вас, почитувани европски колеги.
Прифаќањето по скратена постапка е храбра одлука, но не и без преседан. Во историјата на Европската Унија, имаше случај со Источна Германија, над која не летаа со бомбардери и во која луѓе не гинеа. Но, ова прифаќање по скратена постапка се случи, порача пред средбата на ЕУ Олександр Корниенко, прв заменик-претседател на Врховната Рада на Украина.