Украдени бронзени бисти – ги снема Крсте Петков Мисирков и Ѓорѓија Пулевски, а оштетена таа на Кочо Рацин


Фото: Б. Грданоски

Вчера во 09.30 часот во СВР Скопје, од ЈП „Паркови и зеленило“ било пријавено дека во Градски парк, кај бараките на Град Скопје, бил одземен споменикот на Крсте Петков Мисирков, а спомен бистата на Кочо Рацин била оштетена. Истиот ден во 13.25 часот, од Основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“, на подрачјето на општина Аеродром, било пријавено дека од дворот на училиштето била одземена спомен биста на Ѓорѓија Пулевски.

Фото: Б. Грданоски

Истиот ден во СВР Скопје, Б.И.(67) и С.Ж.(76), двајцата од Скопје, пријавиле дека од гробни места од Градските гробишта Бутел биле одземени две бронзени бисти.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите. 

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.