УЈП со технички проблеми: Пријавите за ДДВ-4 се поднесуваат последниот ден, па системот паѓа
Во врска со реакциите дека заради технички проблеми во функционирањето на системите на Управата за јавни приходи, даночните обврзници биле оневозможени да поднесат ДДВ-04 пријава за последниот даночен период, ве известуваме дека Управата за јавни приходи тековно превзема активности во рамки на своите надлежности, со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски.
Во таа насока, користејќи ги сите расположливи официјални канали, пред истек на законскиот рок за доставување на ДДВ-04 пријавите, од страна на Управата за јавни приходи:
– објавено е соопштение на официјалната веб страна на УЈП на 23/01/2026 година, со апел до сите даночни обврзници навремено да ги достават потребните документи до своите сметководители и да ја исполнат законската обврска за поднесување и плаќање на данокот на додадена вредност искажан во месечните и тримесечните ДДВ пријави и да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат стрес и дополнителни финансиски трошоци.
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1188
– проследени се превентивни пораки преку електронската пошта [email protected] на ден 22/01/2026 година до 2.534 даночни обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ пријава за даночен период 01/12/2025-31/12/2025 година, како и на ден 23/01/2026 година до 11.967 даночни обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ пријава за даночен период 01/10/2025-31/12/2025 година.
Во периодот на масовно поднесување на пријавите, Управата за јавни приходи обезбеди континуирана техничка поддршка и достапност на ресурсите, вклучително и увид во функционалноста на системите, согласно кој не беа забележани технички проблеми во функционирањето на системот.
За истото објавено е соопштение на официјалната веб страна на УЈП на 26/01/2026 година, со укажување дека поднесувањето на голем број на ДДВ-04 пријави во последниот ден значително го оптоварува електронскиот систем, поради што можно е зголемување на времето на чекање за обработка на даночните пријави.
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1189