УЈП ја објави новата листа на должници
Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на должници , за долгови доспеани до 30 јуни годинава и неплатени до крајот на септември по основ на даноци, односно ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На листата се најдоа 1.976 должници правни лица и 3.786 физички лица. Вкупниот нето долг изнесува 11.042.537.967 денари.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.884.428.089 денари, (помалку за 45.943.439 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 158.109.878 денари (помалку за 18.931.314 денари од претходната листа).