УХМР најавува невреме попладнево


Фото: Б. Грданоски

Денес, времето претпладне же биде сончево и топло. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветар и услови за појава на град. Послаби услови за краткотрајно невреме ќе има и утре попладне кон крајот на денот.

Во Скопје денеск попладне и утре во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи.