Угостителите ќе плаќаат помала закупнина за 30, односно 20 отсто?


Фото: Б. Грданоски

Закупнината на угостителските објекти и останатите деловни простории на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката – Скопје ќе се намали за 30, односно 20 проценти.

За ова денеска информираат од Друштвото кои по состанокот со закупците предложиле до Владата за намалување на закупнината во целиот период на траење на мерките за заштита и превенција од вирусот Ковид – 19.

– Предлог мерката беше договорена на состанок меѓу дел од закупците и раководството на Друштвото, а на кој Генералниот директор Кристијан Трајковски беше информиран за состојбата и последиците со кои што се соочуваат. Ваквото олеснување ќе можат да го користат само клиентите кои ќе ги подмират финансиските обврски, односно да не должат закупнина повеќе од три месеци, а правото ќе можат да го остварат и сите идни закупци кои ќе склучат договор за користење на деловен простор во сопственост на АДСДП, информираат од Друштвото за стопанисување со станбен и деловен простор.