Ученици нападнале вработена во училиште во скопски Центар


Фото; Б. Грданоски

Вработена во средно училиште во Центар била нападната од ученици во училиштето.

Имено вчера во 09.05 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(53) од Скопје пријавила дека на 08.05.2025 околу 18.10 часот во ходник од средно училиште на подрачјето на Центар, каде е вработена, била физички нападната од четворица малолетници – ученици во училиштето.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.