Убиство во Боговиње, осомничениот со автомобил заминал кон Тетово каде е уапсен
Министерството за внатрешни работи соопшти дека уапсиле педестгодишник од Боговиње, порадио сомневање за сторено дело убиство.
Соопштението следува откако претпладнево во Боговиње бил застрелан 47-годишен маж. На убиството му претходела расправија меѓу жртвата и убиецот, по што, осомничениот со автомобил заминал кон Тетово каде е уапсен.
На полицајците кои го сопреле БМВ-то им стигнало известување за убиството и за возилото на осомничениот. Во автомобилот, на во просторот на задните седишта е најдена и пушката со која е извршено убиство. Инаку, возилото било сопрено од полициска патрола, а возачот бил вознемирен.
Како што јавуваат медиумиоте, во тек е увид на местото на злосторот во Боговиње, а полицајци вооружени со автоматски пушки и опремени со панцири ја обезбедуваат локацијата на која не може да и се пријде.
МВР издаде првично соопштение за убиството:
-Денеска (02.06.2024 година) во 10.30 часот на улица „Цветан Димов“ припадници на полицијата од СВР-Тетово го лишиле од слобода лицето М.М.(50) од Боговиње, Тетово, кој управувал „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. Тој е осомничен дека околу 10.15 часот со огнено оружје го убил А.Ј. На местото на настанот се Јавен обвинител и полициски службеници кои вршат увид, стои во соопштението на МВР.