Убиен татко кој бил на погреб на осумгодишниот син, никој не знае зошто

Осомничениот за убиството на Џереми Шортер (26), кој присуствувал на погребот на својот осумгодишен син, уапсен е и обвинет за убиство од прв степен.
Шортер е застрелан во саботата пред погребната куќа „Виртс“ во Давенпорт и подоцна починал, јави „Квад сити тајмс“, Неговиот син починал од рак.
За сега не се знае мотивот на убиецот, јавува АП.
Полицијата реагирала по пукањето и велат дека во автомобил го забележале убицот, но се откажале од потерата за да не настрада некој друг во бркотницата низ станбената зона.
Подоцна го пронашле и го уапсиле. Тој се појавил пред суд и обвинет е за убиство од прв степен.