Убиен еден од креаторите на „Андроид“


Сан Франциско – Почина Боб Ли (43), еден од создавачите на „Андроид“ и апликацијата за мобилно плаќање, „Кеш ап“, откако  бил избоден со нож во Сан Франциско, јави „Еј-би-си ворлд њуз“.

Веста за неговата смрт ја потврди и Џош Голдбард, извршен директор на компанијата „Мобајлкоин“ каде што работеше Ли.

Во полицискиот извештај, полицијата не го идентификува Ли по име. Според соопштението, мажот-жртва добил итна медицинска помош и бил пренесен во блиската болница, каде што починал од повредите.

Неименуван полициски извор за медиумите потврдил дека Ли бил избоден со нож. Истрагата е во тек. 

Ли беше женет и имаше две деца.