Убиен актер кој глумеше во „Треинспотинг“


Поранешниот боксер и актер Бредли Велш е смртно застрелан вчера во Единбург, пишуваат британските медиуми. Велш играше во второто продолжение од култниот филм „Треинспотинг“.

Четириесет и двегодишниот Велш е поранешен боксерски шампион, а бил познат и како страсен фудбалски навивач.

Како што пишува Гардијан, тој бил застрелан во близина на неговиот дом во западниот дел на градот.

Бредли Велш, заедно со Еван Мекгрегор, Евен Бремнер, Џони Ли Милер и Роберт Карлајл беше дел од второто продолжение на филмот „Треинспотинг“ на режисерот Дени Бојл и ја толкуваше улогата на Г-дин Дојл.