„Убиец на Тесла“: Кинеската марка е на добар пат да стане „крал на светот“


Водечкиот кинески производител на електрични возила, BYD, се израмнува со Тесла во продажба, според податоците за продажба објавени од Ројтерс.

Компанијата објави зголемување од 21 отсто во продажбата на електрични возила во вториот квартал – тоа е 426.039 ЕВ од април до јуни, само 12.000 возила помалку од проценетите испораки на Тесла за истиот временски период.

Ова го става BYD во добра позиција да стане водечки снабдувач во светот, оценува британската агенција.

Дополнително, Тесла објави пад од пет проценти во испораките минатиот квартал, што е прв пат компанијата да доживее пад во два последователни квартали. Производството е намалено за повеќе од 20.000 единици во споредба со првиот квартал.

Има многу фактори кои придонесуваат за падот на Тесла, но најголемиот е веројатно фактот што ги напушти моделите од ниска класа во корист на роботакси и „дистописки ѕверови“ од нерѓосувачки челик како Cybertruck.

Од друга страна, автомобилите на BYD се евтини, а неодамна претставениот модел Seagull чини од 10.000 долари нагоре.