Уапсени тројца скопјани, не застанале на знак за запирање и агресивно се однесувале со полицајците


Фото: Б. Грданоски

На полноќ, на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги привеле 21-годишниот Ф.К., 19-годишниот Л.Б. и 18-годишниот П.Ф., сите од Скопје, затоа што со возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое без дозвола го управувал Ф.К., не застанале на знак за запирање даден од полициски службеници и агресивно се однесувале кон нив при извршување службени дејствија, извести МВР.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.