Уапсен скопјанец кој се заканувал во фејсбук групата на станари

Скопјанец ќе одговара за закани кон состанари.
-На 06.05.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.Р.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во група на социјална мрежа на станари од станбена зграда во Чаир се заканувал на 61-годишна сосетка и уште еден сосед.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.