Уапсен скопјанец, фрлал камења врз хеликоптер што полнел вода во Вардар за да гасне пожар


Уапсен е скопјанец кој вчера фрлал камења на полициски хеликоптер што полнел вода за да гасне пожар. Министерството за внатрешни работи информира дека вчера би уапсен И.А. (55) од Скопје кој ќе добие кривична пријава заради загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

Тој минатата недела, додека полициски хеликоптер приоѓал кон вливот на реката Лепенец во Вардар за да наполни вода за гасење на пожарот во реонот на Блаце, влегол во плиткиот дел на коритото на Вардар, мавтал со рацете и фрлал со камења кон воздухопловот Белл 412.

Пилотите биле принудени да го променат местото на полнење на вода, затоа што им била загрозена безбедноста додека извршувале задачи за потребите на државата и граѓаните.