Уапсен наркодилер со лажна лична карта со името на Роберт де Ниро


Романската полиција уапси дилер на дрога со лажна лична карта со името и фотографија на холивудскиот глумец Роберт де Ниро.

Во документот се наведува дека „Де Ниро“ живее во романскиот град Јаси, родители му се Мадона и Ентони, а адресата одговара на тамошните гробишта… При претрес во вистинскиот дом на лажниот актер, пронајдена е поголема количина екстази, подготвена за продажба.

Вистинското име на притвореникот е Сорин Булгару – 53-годишен маж, криминалец и човек добро познат на полицијата. Ќе му се суди за учество во мрежа за трговија со наркотици.

Ова не е првпат Булгару да користи туѓ идентитет. Во 2011 година, тој бил фатен како зема заем со нечија лична карта, по што си добил казна од девет години затвор.