Уапсен кавадарчанецот што ги украл коњите за Илинденскиот марш


Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци.

Кај него бил пронајден и одземен коњ, за кој претходно во Полициската станица Аеродром во Скопје било пријавено дека е украден, заедно со уште два други коњи, кои биле ангажирани за учество во Илинденскиот марш.

„На ливада во близина на улица „Клинска“ во Кавадарци биле пронајдени и другите два коња и биле вратени на сопственикот.“, информираат од полицијата.

 По документирање на настанот против И.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.