Твитер прави промени: Нема пребарување без да се најавите
Елон Маск воведува нови промени на Твитер. Овој пат тие се однесуваат на пребарувањето на оваа платформа.
Според новите правила, пребарувањето на Твитер сега ќе биде овозможено само за регистрираните корисници.
Пред ова, содржината на Твитер можеше да се пребарува дури и ако немате профил на платформата. Сега секој ќе мора да се најави за да може да ја пребарува содржината, а ако не сакате да го направите тоа, достапна е опцијата Explore која прикажува само избрани твитови.
Кога пребарувате содржина преку Истражувај, полето за пребарување нема да се прикаже и повторно ќе се појави кога ќе се најавите на Твитер.
Вака Твитер сака да ги натера корисниците да креираат профил на социјалната мрежа, наместо спорадично да ја користат.