Твитер ќе наплаќа за СМС за двојна автентификација
Само претплатниците на Твитер блу ќе може да ги користат текстуалните пораки како метод за двојна автентификација, соопштија од Твитер.
Промената ќе почен на 20 март, а корисниците на Твитер ќе имаат уште два начина за бесплатна атентификација, со апликација и со сигурносен клуч.
Двојната аутентификација или 2FA бара корисниците да ја внесат својата шифра и потоа кодот или безбедносниот клуч за пристап до својот кориснички профил. Тоа е една од примарните методи со која корисниците ќе го обезбедат својот профил на Твитер.
„Иако 2FA е историски ппопулрен, видовме дека оној кој се базира на телефонски број се злоупотребува. Од денес нема да дозволиме на профилите да се користи СМС двојна автентификација, ако не се Твитер блу претплатници“, соопштија од Твитер.
Претплатата на Твитер блу чини 11 долари за iOS и Android, а содрши сина `штикла` на профилите на оние кои се подготвени да плаќаат месечно.