Тужбата на Џемајма Голдсмит му пресуди на Расел Бренд
Лондон – Поранешната партнерка на британскиот актер и комичар Расел Бренд, Џемајма Голдсмит, екс Кан, јавно проговори за насилството и малтретирањето што, како што тврди, го доживеала од него, откако беше осуден за силување и сексуални напади.
Таа го обвини актерот за насилство, контрола и злоупотреба за време на нивната едногодишна љубовна врска во 2014 година.
– Таа година бев принудена да повикам полиција за да го исфрли надвор, по преживеано насилство, но тогаш одлучив да не го пријавувам, изјави Голдсмит.
„Им се восхитувам на сите храбри жени кои прифатија да сведочат против Бренд, додавајќи дека чувствува среќа и олеснување што тој конечно се соочи со правдата“, сподели таа на социјалните мрежи.
Расел Бренд (51) вчера беше осуден на 10 години и шест месеци затвор, откако беше прогласен за виновен за силување и сексуален напад.
Обраќајќи им се на своите следбеници на платформата Икс, таа напиша.
„Иако болката поврзана со овој настан со тек на времето избледе, тоа беше тежок период од мојот живот и остави трајни последици.“
– Во 2014 година одлучив да не поднесувам тужба по насилниот инцидент бидејќи бев загрижена дека медиумското заинтересираност и реклама поврзани со случајот, можеа негативно да влијаат врз моите деца, во адолесценски период, откри Голдсмит, додавајќи дека по инцидентот ниту го видела, ниту разговарала со него.
Таа откри и дека им помогнала на новинарите во истражувањето.
– Помогнав колку можам за да се разјасни случајот. Дури сум подготвена и да сведочам против него, рече Голдсмит.
Поротата го прогласи актерот за виновен по една точка од обвинението за силување и по три точки од обвинението за сексуален напад, по што му беше изречена затворска казна од 10 години и шест месеци.
Бренд беше во брак 1 година и 9 месеци и со поп-ѕвездата Кети Пери, од 2010 до 2012. Од 2017 е во брак со Лора Галачер. Имаат три деца.