Туше Гошев за амнестијата: Царот си носи закони што не важат за него
Ова го констатира поранешниот министер за правда, Туше Гошев, која за ТВ 24 вели дека измените без јавна расправа само за да се усогласат со европското законодавство, се тотално непотребни. Поднесутелите на измените на јавноста не и дадоа никакви образложенија која е целата што треба да се постигне со измените во Кривичниот законик.
„Секоја гарнитура на власт која во парламентот има мнозинство и може да донесува закони, практично се претвори во времето кога царот носел закони, но за него не важеле тие одредби. Во конкретниот случај, заради потребите, а не знам кои се потребите, дали за задоволување на специјалната превенција или генералната превенција во намалувањето на казните сметам дека на ваков начин измените на законите се инструмент само за остварување на дадени интереси.“ – вели Туше Гошев поранешен министер за правда.