Турски театар ја подготвува „Бог на масакрот“


Турски театар в четврток, на 25 јули премиерно ќе ја изведе претставата „Бог на масакрот“ од Јасмина Реза, а во режија на Билге Емин. Сценографија е на Татјана Блажевска Христоска, костимографија на Марија Папушевска, а Џенап Самет е асистент на режија.

Улогите во претставата ги толкуваат: Сузан Акбелге, Џенап Самет, Филиз Ахмет и Селпин Керим.