Туристичката тура на „Титаник“ започнува во мај годинава по цена од 260.000 евра


„Титаник“ и денес привлекува големо внимание. Бродот кој потона, иако се зборуваше дека не може да потоне, стана исклучително атрактивна туристичка атракција. Симболот на напредокот и гордоста во еден момент станува подостапен за јавноста секоја година, некогаш темната гробница на „Титаник“ станува посветла и поотворена за јавноста. „Mission specialists“ е сосема нова туристичка тура на „Титаник“.

Компанијата OceanGate се занимава со истражување наморски длабочини. Нивната мисија е слична на онаа на Елон Маск или Ричард Бренсон, со главната разлика што тие не промовираат патувања во вселената. OceanGate сака да овозможи патувања до дното на морето и океанот, се разбира, за оние кои можат да си го дозволат тоа.

Нивната база се наоѓа на околу 600 километри од брегот на Њуфаундленд, на местото каде што потона „Титаник“. Потонатиот брод се наоѓа на длабочина од 3.800 метри, што во голема мера го отежнува истражувањето, бидејќи се неопходни специјални подморници. За таа прилика, OceanGate дизајнираше нов тип на подморница изработена од лесни и силни материјали што може да однесе екипаж до пет члена до потонатиот брод.

Новата мисија наречена „Mission specialists“ првенствено е наменета за научници и истражувачи, но и за авантуристи кои сакаат да го посетат „Титаник“ и да искусат како е да се биде на големи длабочини. Најголемиот проблем со туристичката посета на „Титаник“ е цената, а засега само оние со подлабок џеб можат да си го дозволат ова уникатно искуство.

Од компанијата OceanGate велат дека ќе дојде време кога луѓето редовно ќе одат во вселената по пониска цена, а истото ќе се случи и со одењето во морските длабочини. Цената на едно патување до „Титаник“ е околу 260.000 евра по лице. Првата цивилна мисија за обиколка на „Титаник“ е закажана за мај 2023 година.