Трипуновски: Имаме рекордна цена за откуп на најзастапените сорти грозје

„Денеска сум овде во посета на млад земјоделец со кој што разговаравме во делот на лозаропроизводството. Радува фактот кога млади луѓе се одлучуваат да се занимаваат со земјоделство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Во текот на својата изјава, министерот додаде дека се постигна рекорд во делот на лозаропроизводството.
Министерот Трипуновски истакна дека оваа година се очекува зголемен принос на винското грозје, некаде над 100 милиони килограми.
Тој потсети дека минатата година беше намален приносот на грозјето поради лошото менаџирање со водата.
„Во делот на Водостопанството даваме максимални напори да ја покриеме целата површина, со одредени помали застои кои што се јавија поради технички проблеми. Успешно го менаџираме процесот наводнување и поради тоа очекуваме зголемен принос оваа година“, заклучи министерот.