Трипуновски имал средба со неговиот заменик – и пратил соопштение


Не, ова не може да се измисли –  е реакцијата на Твитер на соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денес  дека министерот имал средба – со неговиот заменик. 

„Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари работна средба со Флакрон Беџети, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.Тема на денешната средба беа тековните работи во министерството.

„Преку разговор и добра координација министерството функционира за доброто на земјоделците и граѓаните“, стои во соопштението на кабинетот на Трипуновски.

Нејасно е зошто оваа средба е воопшто причина за соопштение, а уште понејасно дали отсега средбите на функционери на ВМРО-ДПМНЕ со тие на албанската коалиција Вреди ќе се третираат како средби на функционери од две држави, а не како редовни активности.