Три случаи на каснувања од кучиња скитници во различни градови


Фото: Б. Грданоски

На 10.07.2024 во 21.10 часот во Полициската станица Центар, Љ.С.(63) од Скопје пријавил дека на ул.„Ленинова“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 10.07.2024 во 20.45 часот во Полициско одделение Македонска Каменица, Т.И.(48) од Македонска Каменица пријавил дека на ул.„Индустриска“ во Македонска Каменица неговата внука била касната од куче скитник.

На 10.07.2024 во 16.20 часот во ОВР Кавадарци, Ц.Т. (35) од Кавадарци пријавила дека на улица „Илинденска“ во Кавадарци нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.