Три лица со повреди од остар предмет донесени во кочанската болница, напаѓачите познати на полицијата


Фото: Б. Грданоски

Денеска во 00.35 часот во Полициската станица Кочани од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив биле донесени Ж.Б., М.Б. и Т.С. со повреди од остар предмет,

Според пријавеното, пред продажен објект во с. Тркање биле нападнати од страна на И.М. и Б.М., сите од с.Тркање, кочанско. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.