Тренерот на сребрениот Георгиевски добитник на наградата „8 септември“


Борче Костовски, спортски работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. 

Најголемиот успех, Костовски го постигна како тренер на олипиецот Дејан Георгиевски, кој го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Токио. 

Покрај Костовски, признанија за остварувања во областа на спортот ќе им бидат доделени и на Мирко Димчевски, Рамадан Шабани, Зоран Бошковски и Димитар Јованов.

Наградите ќе бидат врачени утре во Кристалната сала на Собранието.