Формула 1 овој викенд во необично време: Големата награда на Азербејџан се одржува во сабота
Гран При на Азербејџан оваа година носи необичен распоред за фановите на Формула 1. Трката во Баку ќе се одржи во сабота, 26 септември, наместо традиционалниот неделен распоред.
Причината не е промената во правилата на Формула 1, туку Денот на сеќавање во Азербејџан, кој се слави во недела, 27 септември.
Овој датум во Азербејџан е Ден на сеќавање на паднатите припадници на вооружените сили, вклучувајќи ги и оние кои загинаа за време на Втората карабашка војна во 2020 година, кога азербејџанските сили ја вратија контролата врз дел од територијата околу Нагорно-Карабах.
Со оглед на важноста на тој ден во земјата домаќин, организаторите и локалните власти побараа трката да не се одржи во недела. Поради ова, целиот распоред на Големата награда е поместен 24 часа однапред.
Ова значи дека нема класичен распоред од петок до недела овој викенд. Баку ќе биде домаќин на програмата на Ф1 од четврток до сабота, што значи дека двата слободни тренинзи вообичаени за петок ќе се одржат утре.
Квалификациите се закажани за петок во 14 часот, додека трката е закажана за сабота во 13 часот по наше време.