Македонскиот боксер Рустемовски обезбеди полуфинале и медал на ЕП
Македонскиот боксер Ален Рустемовски постигна најголем резултатски успех во својата кариера со пласманот во полуфиналето на Европското првенство во бокс што се одржува во Софија. Тој во четвртфиналната борба го победи Артур Базејан од Ерменија со 4:1 на поени.
На тој начин со пласманот во полуфиналето обезбеди медал за себе и македонскиот бокс.
Рустемовски настапува во категоријата до 60 килограми и утре во полуфиналето ќе боксува против Аидер Абдураимов од Украина. Полуфиналните борби се на програмата во четврток.
Рустемовски беше освојувач на бронзен медал и на Медитеранските игри во Таранто.