Транспортирани 12.500 тони коварина преку „Мулти шпед“ до пристаништето во Драч


 

Компанијата „Мулти шпед“ успешно транспортираше 12.500 тони коварина – значаен чекор кон завршување на транспортот на. секундарен добен производ неопасен отпад.

Целиот проект се одвиваше во периодот од 2 април до 5 мај 2025 година, при што 12.500 тони коварина беа транспортирани до ФОБ Драч (Free on Board), во новото пристаниште Порто Романо.

Оваа голема логистичка операција се одвиваше под строга контрола на царинските власти во Македонија и Албанија и во согласност со условите пропишани од министерствата за животна средина на двете земји. Процесот се одвиваше во координирани однапред подготвени процедури.

„Мулти шпед“ е лиценциран овластен економски оператор. Од компанијата велат дека „Мулти шпед“ покажа дека знае да преземе одговорност и да ги заврши обврските. Важно е и дека транспортерите со камиони покажаа голема прецизност и навременост, а бродските агенти и персоналот во Порто Романо покажаа професионалност во работењето.