Трамп сакал да ги повлече американските војници од Косово


Американски пратеници ја предупредуваат администрацијата на претседателот Доналд Трамп дека повлекувањето на воените трупи на САД од мисијата КФОР на Косово би можело да го „дестабилизира“ Балканот. Според нив таквата одлука би била „преуранета“ имајќи ги во пред,вид тензиите во регионот и таа би влијаела не само на безбедноста на Коосово туку и пошироко. 

Двопартиска група сенатори и претставници му се обратија јавно на државниот секретар Марко  Рубио со документ во кој стои дека намалувањето на мировните сили од 500 војници би ги охрабрило националистичките агенди и би отстапило територија за дејствување на Русија.