Трамп потврди дека САД го финализираат трговскиот договор со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД се во завршна фаза од процесот на постигнување трговски договор со Кина.
Сепак, според американскиот претседател, САД ќе воведат директни царини за повеќето други земји во светот.
Зборувајќи на настан посветен на вештачката интелигенција во Вашингтон, Трамп потврди дека американската администрација е во сериозни трговски преговори со Европската Унија.
Американскиот претседател објави дека САД ќе воспостават пониски царини за ЕУ ако европскиот пазар се отвори за американските компании.