Трамп потпиша извршна наредба за запирање на мигрантите да влезат преку јужната граница на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за запирање на влегување на мигранти во САД преку јужната граница со Мексико, соопшти Белата куќа.
Документот им наложува на Одделот за домашна безбедност, Министерството за правда и Стејт департментот да го забранат влезот на илегалните мигранти преку јужната граница, да ги вратат во татковината и да ги протераат. Покрај тоа, наредбата го ограничува правото на овие лица да останат во САД под изговор дека бараат азил.
Претходно, Пентагон соопшти дека на границата со Мексико ќе бидат распоредени дополнителни 1.500 војници.