Сенаторот Марко Рубио ќе биде нов државен секретар на САД

Рубио е еден од најтврдокорните луѓе во околината на Трамп. Нов советник за национална безбедност ќе бидце конгресменот Мајк Волц


Марко Рубио

 

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се очекува да го именува сенаторот од Флорида Марко Рубио за свој државен секретар, според извештајот од понеделникот.

Трамп можеби сепак ќе направи промена во последен момент, но се чини дека се одлучи за Рубио, објави „Њујорк тајмс“, цитирајќи три лица запознаени со неговите планови.

Ниту тимот на Рубио, ниту тимот на Трамп не го потврдија извештајот.

Рубио, првпат избран во Сенатот во 2010 година, е познат по неговиот тврд став кон Куба, Венецуела,Иран и Кина.

Неодамна, сепак, тој поблиску се усогласи со надворешната политика на Трамп, повторувајќи ги повиците на новоизбраниот претседател за прекин на руската војна во Украина, за која рече дека е дојдена во „ќор-сокак“ и „треба да се донесе до заклучок“.

Рубио, цврст поддржувач на Израел, постојано усвојува тврдокорни позиции.

Претходно оваа година, тој го обвини претседателот Џо Бајден дека се повикува на „антисемитите“ во Демократската партија критикувајќи ги акциите на Израел во Газа и ја повика администрацијата да ги укине визите за странските студенти вклучени во пропалестинските протести, означувајќи ги како „симпатизери на терористите“.

Во ноември минатата година, кога се соочи со група активисти во Конгресот, Рубио се спротивстави на повиците за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, опишувајќи ја палестинската група како „злобни животни“ и велејќи: „Сакам (Израел) да го уништи секој елемент на Хамас кој може да им дојде до рака“.

Рубио, исто така, ги предводеше напорите за забрана на ТикТок, тврдејќи дека тој шири „про-Хамас, анти-израелска пропаганда“ и претставува „егзистенцијална закана за нашата нација“.

По иранскиот ракетен напад врз Израел во октомври, тој охрабри силен израелски одговор, велејќи дека „оние кои бараат Израел да покаже „воздржаност“ треба да запомнат дека имаат способност да нанесат штета опасна по режимот на Иран и веќе покажале воздржаност со тоа што не го прават тоа .“

Трамп го избра конгресменот Мајк Волц за свој советник за национална безбедност,

Трамп наводнопобарал од конгресменот од Флорида, ветеран од Зелените беретки, кој служел во Авганистан, Блискиот Исток и Африка, да ја преземе улогата.

За влијателната позиција не е потребна потврда од Сенатот.

Волц (50) беше член на Комитетот за вооружени служби, разузнавање и надворешни работи на Претставничкиот дом.