Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот претходник Џозеф Бајден му оставил „инспиративна“ порака на неговата маса во Овалната соба во Белата куќа, продолжувајќи ја традицијата на размена на писма на денот на инаугурацијата.

Трамп им рече на новинарите дека го отворил писмото во понеделникот вечерта и се уште размислува дали да го објави.

Според него, Бајден во писмото го советувал да ужива во својот мандат и ја истакнал важноста на претседателството.

„Беше напишано: „За бројот 47“, рече Трамп „Тоа беше многу убаво… само генерално инспиративно писмо“, рече американскиот претседател, споделувајќи: „Поминете вои добро. Завршете ја добро работата. Важно е, многу важно, колку е важна работата.