Трамп: Нема да има втора фаза на трговскиот договор со Кина
Американскиот претседател, Доналд Трамп, нема да премине кон „втората фаза“ од трговскиот договор со Кина
Во интерву за Си-Би-Ес синоќа во Белата куќа, Трамп истакна дека не е заинтересиран за почнување нови преговори со Пекинг.
Изјави дека односите со Кина се влошиле откако од таа земја почна пандемијата на коронавирус и дека тоа се случило додека „мастилото (од договорените тарифи) се уште не беше исушено“.
Притоа, шефот на државата укажа дека сите високо ја оценуваат „првата фаза “ од договорот, што беше склучена во јануари.
Претходно, на брифинг за новинарите во Белата куќа, Трамп изјави дека не гледа причини за повторно разгледување на договорот со Кина, заради ширењето на вирусот што, наводно, се појави таму и потоа лесно се прошири низ целиот свет.