Трамп најавува распоредување повеќе војници во Полска
САД – Американскиот претседател Доналд Трамп денес потпиша декларација за воена соработка со полскиот претседател Анджеј Дудa и најави дека САД најверојатно ќе пренесат некои трупи во Полска од други делови на Европа.
Трамп рече дека Полска ќе ги покрие трошоците за новите објекти и дека таа држава бара повеќе американски трупи.
Договорот беше потпишан на состанокот во ОН со полскиот претседател Анджеј Дуда.
Трамп рече дека САД се согласиле да ја направат Полска дел од програмата што им овозможува на патниците на кои претходно им е одобрено да ги посетуваат САД 90 дена без виза.
Тој додаде дека деталите за програмата за укинување визи ќе бидат образложени „во текот на следните неколку месеци“.