Трамп најави итни преговори за примирје меѓу Русија и Украина по разговорот со Путин


Украински војници на вежба во Донецката област

 

Доналд Трамп изјави дека неговиот разговор со Владимир Путин „поминал многу добро“ и дека Русија и Украина „веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот“.

Во објава на Truth Social пред неколку моменти, Трамп додаде дека Ватикан изразил интерес да биде домаќин на преговорите.

Потоа тој продолжи велејќи дека Русија „сака да прави трговија од голем обем“ со САД откако ќе заврши војната и дека Украина исто така би можела да има голема корист од трговијата.

Трамп, исто така, рече дека го информирал Володимир Зеленски, украинскиот претседател, како и лидерите на ЕУ, Франција, Италија, Германија и Финска, веднаш по разговорот со Путин.

Еве ја целата објава:

„Тукушто го завршив мојот двочасовен разговор со претседателот Владимир Путин од Русија. Верувам дека помина многу добро. Русија и Украина веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот и, што е поважно, КРАЈ на војната. Условите за тоа ќе бидат договорени меѓу двете страни, како што може да биде само затоа што тие знаат детали за преговорите за кои никој друг не би бил свесен. Тонот и духот на разговорот беа одлични. Да не беше така, би го кажал тоа сега, а не подоцна. Русија сака да прави ТРГОВИЈА во голем обем со Соединетите Американски Држави кога ќе заврши ова катастрофално ‘крвопролевање’ и се согласувам. Постои огромна можност Русија да создаде огромни количини работни места и богатство. Нејзиниот потенцијал е НЕОГРАНИЧЕН. Исто така, Украина може да биде голем корисник во трговијата, во процесот на обнова на својата земја. Преговорите меѓу Русија и Украина ќе започнат веднаш. За тоа ги информирав претседателот Володимир Зеленски од Украина, Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, претседателот Емануел Макрон од Франција, премиерката Џорџа Мелони од Италија, канцеларот Фридрих Мерц од Германија и претседателот Александар Стуб од Финска, за време на телефонскиот разговор со мене, веднаш по телефонскиот разговор со претседателот Путин. Ватикан, претставен од папата, изјави дека би бил многу заинтересиран да биде домаќин на преговорите. Нека започне процесот!“

Европските и американските лидери ја поздравија подготвеноста на папата Лав XIV да биде домаќин на разговорите меѓу Русија и Украина во Ватикан, изјави во понеделник италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Канцеларијата на Мелони потврди дека европските лидери, вклучувајќи го Зеленски, Макрон и Мерц, разговарале со Доналд Трамп по телефонскиот разговор со Владимир Путин.

Канцеларијата на Мелони во соопштението наведува:

„Во тек е работа за итно започнување преговори меѓу страните што можат да доведат до прекин на огнот што е можно поскоро и да создадат услови за праведен и траен мир во Украина“.

Во овој поглед, подготвеноста на Светиот Отец да биде домаќин на разговорите во Ватикан беше оценета како позитивна. Италија е подготвена да го направи својот дел за да ги олесни контактите и да работи за мир.

Во Кремљ се задоволни од текот на разговорот на Путин и Трамп и се додава дека Русија и САД работат на нова размена на затвореници.

Ројтерс го цитира помошникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, кој рече:

„Претседателите, исто така, детално разговараа за иднината на нашите односи, а претседателот Трамп, можам да кажам, зборуваше многу емотивно за перспективите за овие односи.

Тој посебно нагласи дека перспективите за билатералните односи по решавањето на украинскиот конфликт изгледаат импресивно и дека како претседател на САД, ја гледа Русија како еден од најважните партнери на Америка во трговијата и економските прашања“.

Трамп и Путин се за лична средба и ќе ги доделат своите тимови да работат на подготовка на состанокот, рече Ушаков, но не е договорено место.

На прашањето дали е разговарано за укинување на американските санкции, Ушаков рече: „Знаете, Трамп спомена дека Сенатот, во принцип, има подготвено закон во врска со нови санкции. Но, тој самиот не е поддржувач на санкции, туку на постигнување на некои договори.“

Ушаков го нагласи топлиот карактер на разговорот, велејќи дека двајцата мажи се обраќале еден на друг по име, а Путин му честитал на Трамп за раѓањето на неговиот најнов внук.