Трамп лут на шефот на кабинет на Белата куќа поради изјава за неговата здравствена состојба


Американскиот претседател, Доналд Трамп, му бил многу лут на шефот на кабинет на Белата куќа, Марк Медоуз, затоа што ги демантирал тврдењата на медицинскиот тим на Белата куќа за неговата здравствена состојба.

Си-Ен-Ен дозна дека Медоус од два извора е опишан како „доверливиот анонимен извор во Белата куќа“, кој, во неформален разговор со новинарите, изразил проценки за здравствената состојба на Трамп, кои се разликуваат од оние официјалните што медиумите малку пред тоа ги добија од воениот лекар Џон Конли.

Медоус во саботата во неформален разговор на група новинари им кажал дека здравјето и виталните функции на претседателот Трамп во последните 24 часа се причина за загриженост и дека следните 48 часа ќе бидат од критично значење за негово закрепнување.

-Претседателот се уште не е на пат кон целосно закрепнување, изјавил Медоус пред новинарите, пренесоа повеќе американсми медиуми.

Си-Ен-Ен од близок соработник на Трамп дознава дека претседателот бил многу лут откако слушнал за разговорот на Медоус со новинарите.

Со намера да се избегнат дополнителнои контроверзи за ова прашање вработените во Белата куќа потоа продолжија да зборуваат за здравјето на претседателот во избрани термини и со многу поумерен тон.

Си-Ен-Ен јавува дека Трамп е незадоволен од Медоус како шеф на кабинет на Белата куќа затоа што верува дека го нарушил кредибилитетот на официјалните комуникации за здравјето на претседателот по неговото префрлување во воената болница „Валтер Рид“ во близина на Вашингтон.