Трамп ја одложи забраната на ТикТок во САД за 75 дена
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се одложува спроведувањето на забраната за апликацијата ТикТок во САД за 75 дена.
Уредбата содржи упатства за јавниот обвинител да не ја спроведува забраната за „мојата влада да може да одреди соодветни дејствија во однос на ТикТок“.
Покрај тоа, со неговата извршна наредба, Трамп му наредува на Министерството за правда да испраќа писма до компании како Епл и Гугл кои работат со TикТок во кои треба да се појасни дека нема да бидат одговорни за користењето на TикТок во наведениот временски период.
На прашањето што постигнува со декретот за ТикТок, претседателот одговори дека „едноставно ми дава право да го продадам или да го прекинам неговото работење“.
Трамп појасни дека е на пат да донесе одлука за тоа прашање.