Трамп: Индија им понуди на САД договор со „практично нула царини“ за широк спектар на американски стоки


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Доха дека Индија им понудила на Соединетите Американски Држави трговски договор кој би подразбирал „практично нула царини“ за широк спектар на американски стоки.

Индиските преговарачи изразија подготвеност за дополнително намалување на царините за американски стоки, вклучително и воведување нулта царини за одредени земјоделски производи, со цел да се зголеми трговијата со САД на 500 милијарди долари до 2030 година, цел што беше поставена за време на самитот меѓу индискиот премиер Нарендра Моди и претседателот Трамп во февруари, објавува Бизнис стандард.

Сепак, индиската влада нагласи дека официјално не се обврзала на намалување на царините, нагласувајќи дека преговорите сè уште се во тек.

Во меѓувреме, Европската Унија и Соединетите Американски Држави се согласија да ги интензивираат преговорите за можен трговски договор.

Трамп зборуваше на состанок со бизнис лидери во Доха, вклучувајќи ги и раководителите на компаниите „Боинг“ и „Џе Аероспејс“, еден ден откако објави низа бизнис договори, вклучувајќи ја и нарачката од Катар за 160 комерцијални авиони „Боинг“.

Како што е најавено, Трамп денеска ќе отпатува за Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати на завршната етапа од неговата турнеја на Блискиот Исток, која завршува утре.